24 Април, 2024
0.0297

Резултати од работењето на Македонски Телеком за првите три месеци од 2018 година

Објавено во: Мои пари 09 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Нето добивката е зголемена за 16 отсто и изнесува 382 милиони денари

Бројот на пристапи на широкопојасен интернет на крајот од првите три месеци од 2018 година е стабилен и изнесува 187,7 илјади

Пораст во делот на IPTV  за 7,5 отсто и база од 119,1 илјади корисници, според интерните податоци 

Македонски Телеком АД-Скопје има водечка позиција на пазарот во фиксни говорни услугиво првите три месеци од 2018 година, покажуваат неревидираните финансиски извештаи согласно Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ).

Нето добивката за првите три месеци од 2018 година е зголемена за 16 отсто   во споредба со истиот период од претходната година и изнесува 382 милиони   денари. Приходите од продажба во првите три месеци од 2018 година изнесуваат 2.503 милиони денари, што претставува зголемување за 2,1 отсто (без ефектот од МСФИ 15) во споредба со истиот период од претходната година.

Вкупниот број на пристапи на широкопојасен интернет на крајот од првите три месеци од 2018 година е стабилен и изнесува 187,7 илјади, додека уделот на пазарот на широкопојасен интернет на крајот од првите три месеци од 2018 година е 45,1 отсто, според интерна проценка.

Во однос на ТВ пазарот, Македонски Телеком има 28,6 отсто удел од вкупниот ТВ пазар, според интерна проценка. IPTV (дигитална телевизија преку интернет протокол) услугата, поради високиот квалитет, интерактивноста и уникатното ТВ искуствое добро прифатена на пазарот. Па така, компанијата оствари зголемување на бројот на IPTV корисници (вклучувајќи Magenta 1, 3 Play и други TV услуги) за 7,5 отсто во споредба со истиот период од претходната година, што резултираше со база од 119,1 илјади корисници на крајот од првите три месеци од 2018 година. 

На пазарот на мобилната телефонија, компанијата има удел на пазарот од 48,6 отсто, според интерна проценка. Базата на претплатници на крајот од првите три месеци од 2018 година изнесува 1.174 илјади претплатници и е намалена за 4,8 отсто во однос на истиот период од претходната година.

Приходите од говорни мобилни услуги на крајот од првите три месеци од 2018 година се зголемија за 1,9 отсто (без ефектот од МСФИ 15) во споредба со истиот период од претходната година. Ова зголемување главно произлегува од поголемите малопродажни приходи, придвижени од зголемениот сообраќај компензирано со намалениот обем на меѓународен дојдовен сообраќај во терминација.

Меѓународeн стандард за финансиско известување 15 Приходи од договори со корисници.

При изготвувањето на извештаите за работењето на компанијата за првите три месеци од годината, земенa е предвид примената на новиот стандард МСФИ 15Приходи од договори со корисници. Усвојувањето на стандардот ќе резултира со значителни промени во финансиските извештаи на Македонски Телеком, првенствено во однос на времето на признавање на приходот и во однос на капитализацијата на трошоците за склучување на договор со корисник. Примената на новиот стандард МСФИ 15 Приходи од договори со корисници се бара за годишните периоди кои почнуваат на или по 1 јануари 2018 година.

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот