24 Април, 2024
0.0249

Римац успеал бидејќи не развивал производ за државата туку за реалните купувачи од странство

Објавено во: Економија 09 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Го почна развојот и пред да добие инвеститори, нив ги бараше надвор, во Америка и Кина, и усвои најпрофитабилни бизнис модели, а сега тргна во трка со примена на вештачката интелигенција-Римац е доказ дека хрватската економија има многу можности да биде светски релевантна.

Напредокот кој ја остварува компанијата Римац Автомобили, која овие денови во Женева го престави  C_Two, првиот комерцијално достапен автомобил подготвен за автономно возење на ниво 4, не е секојдневен само за хрватски прилики. Доволно е да се каже дека истиот успех во подрачјето на автономно возење само пред неколку месеци порано го направи една од најголемите светски корпорации, технолошкиот гигант Alphabet (Google), пренесува пословни.хр.

Стреловит врв

Меѓутоа, напредокот на Римац Автомобили добро покажува колкави можности има добар дел од економијата во Хрватска, но тие можности не ги користат. Римац Автобили денес сигурно вреди повеќе од милијарда куни. Точно проценки за жал, од пословни.хр немаат. Меѓутоа, компанијата Римац Автомобили е подеднакво немeреливо вредна во однос на повеќето компании во Хрватска. И тоа најважното, Мате Римац го постигнал тоа во само осум и пол години. Римац Автомобили е основана во 2009 та година . Две години подоцна е претставен Concept One,  тогаш најбрзиот електричен автомобил на светот (355 km/h) со забрзување до 100 km/h од 2,8 секунди.

Автомобил со едно полнење можел да помине 510 километри. Неговиот компјутер уште тогаш следел се што се случува под хаубата, но за вештачката интелигенција нужна за автономно возење на ниво 4, за тоа уште не станувало збор. Мате Римац во следните 5 години ги посетувал инвеститорите обидувајќи се Concept One и технологиите вградени во него да ги претвори во голем бизнис. Не доби како Тесла на Елон Маск државна инјекција. И потоа во 2013 Римац ја доби првата инвестиција, а во наредната година ја заклучува таа инвестициска рунда со три инвеститори и 10 милиони евра капитал.

Токму тоа му овозможи да го направи следниот чекор. Две години од заклучувањето на првата инвестициска рунда, Римац претставува модифицирана верзија на  Concept One наречена Concept S.

Новиот модел е за 10 km/h побрз и три стотки побрзо забрзува. Новиот автомобил веќе е интелигентен, но уште ни близу до ниво 4. Во меѓувреме Римац мора да покаже одговорност кон инвеститорите да осигура стабилен бизнис без разлика на тоа колку продава автомобили. Така технологиите кои ги развил ги вградил во своите модели на Aston Martin, Koenigsegg, Jaguar, Renault,  но и многу други големи произведувачи кои за тоа не сакаат да зборуваат во јавност.

Римац тогаш покажал не само дека иднината на авто-индустријата е електрична туку и дека е хоризонтална. Развива и испорачува технологија која потоа ја купуваат оние кои на пазарот вадат брендови на автомобили за масовно производство. Ист модел каков што развиваат Alphabet и Apple. Тоа привлекува нови инвеститори па лани компанијата влезе во втор инвестициски циклус со вложување од 30 милиони евра. И потоа, сега, две години по Concept S, Римац во Женева претставува целосно нов автомобил C_Two. Брзината му се искачува на 412 km/h, забрзува до сто километри на час за 1,9 секунди и се тоа со досег од 650 км. Но, главната работа поддршка за автономно возење е ниво 4. Вкупно постојат 4 нивоа, и таа компанија која прва ќе го достигне ниво 5 може со сигурност да се каже дека ќе биде најмоќен играч во авто-индустријата во иднина.

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска