23 Април, 2024
0.0264

Ризикот за смрт кај жените љубители на алкохол е дупло поголем отколку кај мажите

Објавено во: Стил 18 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Германските научници одлучиле да направат истражување за влијанието на алкохолот врз стапката на смрност кај жените. Ова истражување покажало дека жените кои пијат алкохол, имаат поголем степен на ризик од смрност, во однос на мажите.

Истражувањето траело дури 14 години, на примерок од 4.700 испитанции, на возраст од 18 до 64 години. Од нив само 149 се сметаат за алкохоличари, 119 се мажи и 30 жени.
Истражувањето покажало дека ризикот од смрт, кај жените склони на алкохолот, други за 460 отсто е поголем од ризикот кај луѓето кои живеат нормален живот. Кај мажите склони на алкохол, овој процент изнесува 190 отсто.

Ова истражување е едно од првите истражувања за алкохолизмот кои се однесуваат на разликите во полот, затоа што податоците за полот се ретки, дури и во клинички примероци.
За време на истражувањето постоеле две главни ограничувања. Првото е што само малцинството регистрирани алкохоличари биле на лекување, но нема сознание за тоа како се одобруваат кандидатите. Второто ограничување е  што нема докази за можни ефекти од лекувањето на специјализиран алкохолизам и влијанието на смртноста помеѓу лицата на кои им е дијагностификуван алкохолизам.
Заклучокот на истражувањето е важен за сите жени, особено за оние склони кон чаша повеќе и предупредува дека убавиот пол треба да биде многу внимателен затоа што алкохолот може да им штети повеќе отколку на мажите.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган