25 Април, 2024
0.0324

РКЕ: Цените на горивата се објективни, најскапи беа во 2012-та

Објавено во: Економија 17 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Регулаторна комисија за енергетика испрати соопштение до јавноста во кое вели дека нема никакви субјективни интервенции во формирањето на цените на горивата, туку операцијата се спроведува според објективна методологијата.

Од таму велат дека најскапите цени на горивата откако е формирана РКЕ биле забележани во 2012-та. Истата година во март евросуперот 95 во малопродажба чинел 87,5 денари по литар, а дизелот 75,5. Во април истата година евросуперот 95 бил 89 денари, а дизелот 73,5 денари.

Од таму велат дека се работи за однапред предвиден математички модел на актуелната методологија во која се зема предвид рафинериската цена на нафтените деривати, трговската маржа, трошокот за превозакцизата, данокот на додадена вредност (ДДВ)надоместок за финансирање на активности од областа на животната срединанадоместокот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати.

Најскапшата цена на светските берзи била постигната во летото 2008 година, но малопродажната цена на дериватите била поевтина тогаш затоа што се уште на пазарот со нафта биле застапени деривати со понизок стандард во однос на денешните, кои се со повисок Еуро 5 стандард.

„Следен раст на цените на нафтените деривати се случува во август 2012 година, како резултат на растот на цената на суровата нафта од типот Брент, но значаен ефект за зголемувањето на малопродажните цени во тој период имало и влијанието на растот на курсот на УСА $. Согласно Одлуката на РКЕ од 27/08/2012, било утврдено дека просечната цена на суровата нафта изнесува 115,471 УСА $/ bbl,  додека просечниот курс во тој период бил 49,4680 УСА $/денар. Со оваа Одлука  утврдено е ЕУРОСУПЕР БС-95  да изнесува 88,50 ден/л, додека ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д- Е V) бил утврден на износ од 74,50 ден/л.

Уште еден значаен раст на  малопродажните цени на нафтените деривати се случува на крајот од месец февруари 2013 година, кога со Одлуката на РКЕ од 25/02/2013, било утврдено дека просечната цена на суровата нафта изнесува 116,976 УСА $/bbl,  додека просечниот курс во тој период бил 45,5537 УСА $/денар. Со оваа Одлука било утврдено  ЕУРОСУПЕР БС-95  да изнесува 85,00 ден/л, додека ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д- Е V) бил утврден на износ од 72,50 ден/л.“, велат од РКЕ.

Од крајот на 2014 година па се до почетокот на 2018 година, следи континуиран пад на цените на нафтените деривати, кое се должи на падот на цената суровата нафта и падот на цените на нафтените деривати на светските берзи.

„Постепениот раст на малопродажните цени на нафтените деривати во третиот и почетокот на четвртиот квартал од 2018 година, настана поради истовремениот раст како на курсот на УСА $, така и на берзанските цени на суровата нафта и нафтените деривати“, додаваат од комисијата.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?