28 Март, 2024
0.0281

РКЕ доби пофалби од Енергетската заедница

Објавено во: Економија 19 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Енергетската заедница даде позитивни оценки за македонскиот енергетски регулатор.

„Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија докажа способност и посветеност да изработи високо квалитетни регулаторни правила во временска рамка дефинирана со Законот за енергетика“, се нотира во „Годишниот извештај за имплементација 2018/2019 година“, објавен од Секретаријатот на Енергетската заедница на 18 ноември годинава.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги е оценета со 78 отсто и е на првото место од деветте регулаторни тела на земјите-договорни страни на Договорот за основање на Енергетската заедница.

Истовремено, овој извештај нотира дека земјава е „шампион во реформите во сите енергетски сектори“. Вкупниот просек на спроведувањето на реформите е 59 отсто, што ја рангира земјава на второ место од деветте земји кои се споредуваат, односно годишниот пораст на Република Северна Македонија е 10 отсто.

Годишниот извештај за имплементација изработен од Секретаријатот на Енергетската заедница, го прикажува напредокот при спроведувањето и имплементацијата на европското законодавство на земјите-договорни страни на Договорот за основање на Енергетската заедница.

Во изминатите 17 месеци Регулаторната комисија за енергетика успешно го имплементираше Законот за енергетика и Третиот енергетски пакет на Европската унија, преку донесување и одобрување на 33 подзаконски акти, што беше голем предизвик, имајќи ги во предвид кратките рокови и сложеноста на прашањата со кои се регулира енергетскиот сектор. 

„Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија успешно ги спроведе: сертификацикацијата на операторот на електропреносниот систем; правното, функционалното и оперативно раздвојување на операторот на електродистрибутивниот систем; работењето на универзалниот снабдувач со електрична енергија; либерализацијата на пазарите на енергија; намалувањето на цените и тарифите на енергијата и услугите кои ги користат потрошувачите“, се вели во соопштението од Регулаторната комисија за енергетика.


Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат