РКЕ ја намали цената за приклучок на парно за новите згради
Објавено во: Економија 20 Мај, 2020
Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, објави дека од денеска е намалена цената за приклучок за парно-греење за станбена или деловна единица од новите објекти за 37 проценти.
- Цената од денеска се намалува пд 3.180 денари на 2.000 денари за приклучок на нови објекти на мрежата на топлинска енергија. Ги повикуваме инвеститорите сериозно да размислат за приклучувањето на објектите кои ги градат во системот на греење со топлинска енергија, бидејќи потрошувачката на природен гас ќе го намали загадувањето, рече Бислимовски.
Потсети уште еднаш дека во сите нови згради инвеститорите се должни да постават калориметри за секој стан.
- Веќе се разговараше со БЕГ и со Владата кај зградите со хоризонтални системи да се воведат на најекономичен начин калориметри и кај нив, додаде Бислимовски.