17 Февруари, 2020
0.0170

Роди ме мајко програмер или контролор на летање и фрли ме на патот

Објавено во: Финансии 23 Јануари, 2020

Дури 61.028 денари зеле просечна плата оние „среќници“ во земјава што работат во дејноста компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности. Тоа се случило во ноември минатата година, за кога Државниот завод за статистика ги објави последните податоци за просечната исплатена нето плата во земјава.

Во врат им дишат од воздухопловен транспорт, таму земале во просек 49.569 денари. 

Одма после нив се оние од дејноста производство на основни фармацевстки производи и фармацевтски препарати, или 46.536 денари. Одамна е познато дека фармацијата е една од поисплатливите и подобро платените дејности. 

На четвртата позиција доаѓаат банкарите, или поточно во финансиско услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови. Тие во ноември лани си добиле на своите конта во просек по 43.003 денари како месечна плата.

Не се воопшто лоши ни оние што работат во телекомуникациските компании, односно во дејноста телекомуникации, таму просечната плата е 40.118 денари. 

А по 40.019 денари земаат во просек и од дејноста складирање и помошни дејности во превозот. 

Кај снабдување со електрична енергија, гас и пареа, стандардно добри, во ноември зеле 38.604 денари. 

Одлични просечни плати земаат и од дејноста осигурување, реосигурување и пензиски фондови, и тоа 37.717 денари.

Кај вадење на руди од метал, пак, просечната плата била исто солидна, 37.103 денари.

Но, за жал не им оди на сите толку добро во земјава, на пример во дејноста заштитни и истражни дејности во ноември зеле просечна плата од 14.131 денари. 

Статистика покажа дека платите во Македонија во ноември лани пораснале во однос на една година претходно. 

Субвенционираните придонеси ја зголемија просечната нето-плата за 60 денари. 

Можеби ќе ве интересира

КОЈ РЕЧЕ ДЕКА ЗАМИНАЛ ПРАВЕДНИОТ ДАНОК - Владата бара нов подобар модел

КОЈ РЕЧЕ ДЕКА ЗАМИНАЛ ПРАВЕДНИОТ ДАНОК - Владата бара нов подобар модел

КОЛКУ ПАРИ ТРЕБА ДА СЕ ВРАТАТ КОН ДОМАШНИТЕ БАНКИ - секој месец силни милиони

КОЛКУ ПАРИ ТРЕБА ДА СЕ ВРАТАТ КОН ДОМАШНИТЕ БАНКИ - секој месец силни милиони

ФИТР: Инвестиции од 2,2 милиони евра во технолошки развој за 33 компании

ФИТР: Инвестиции од 2,2 милиони евра во технолошки развој за 33 компании