Родилка со туѓо бебе ја пуштиле од болница да си оди дома
Објавено во: Балкан 17 Мај, 2018
Во Клиничкиот центар во Црна Гора се случил инцидент, при што мајка oд породилно е пуштена со туѓо бебе, објави РТЦГ.
Откако го презеле бебето од бабицата и го напуштиле породилиштето, родилката и нејзиниот сопруг не ни претчувствувале дека детето не е нивно, а прв се посомневал таткото, кој забележал дека бебето е многу поситно.
Кога стигнале дома, мајката го отповила бебето и забележала дека бројот на алките не им е ист. Веднаш се вратиле во породилиштето, каде што ги чекало нивното бебе.
„Во моментот на отпустот медицинската сестра, како и бабицата, не забележале дека мајката и бебето немаат ист број. Пропустот настанал поради несовесна и неодговорна работа бидејќи сестрата не се придржувала до процедурата и протоколот во врска со отпустот на родилката и новороденчето. Наведениот пропуст веднаш бил забележан и отстранет“- стои во соопштението од Клиничкиот центар.
Директорот на Клиниката за гинекологија и акушерство веднаш ја известил управата на Клиниката за инцидентот, а против одговорната сестра е поведена дисциплинска постапка против промена на работното место и суспензија.
Во иднина во моментите на отпуст, покрај мајката, ќе присуствуваат уште три лица од Клиниката, еден ноенаталог и две медицински сестри.