ДУРИ СУМ ЖИВА ЌЕ ВЕ ГОНАМ СИТЕ КОИ ЗГРЕШИВТЕ ЗА СМРТТА НА МОЕТО БЕБЕ: Емотивен статус на родилката од Битола на која и почина бебето
Објавено во: Македонија 26 Април, 2023
Родилката од Битола, Марија Крстеска, чие бебе почина на 10 април, само два часа по породување, на својот Фејсбук профил напиша дека нема отпусно писмо и по 12 дена откако била пуштена дома.
„Во која нормална држава, со нормални услови и КАДЕ ШТО ПАРТИИТЕ и "Ко је јачи у парама" не се водечката каписла, се дозволува 12 дена да си дома, а сеуште да не си испишан од болница и да се водиш таму!? А ИСТОТО ТРЕБА ДА Е ВЕДНАШ, КОГА СИ ОДИШ ОД БОЛНИЦА!!!
Ете јас после 12 дена СЕУШТЕ немам отпусно писмо.
Сеуште мојата историја ЈА НЕМА.
Као технички си испишана, а документ од мене нема??? НИКАДЕ?
И нема мучканици? Или народски речено, "Чекај да се погодиме на смена заедно, напрајвме шо напрајвме, дај шо да напишиме да се извајме, да налепиме друг или да напрајме се да е подмачкано"?
Или ај бе ко ќе стигниме, сигурно плачи, пишти таја дома, не и е дојдено до ова.. А?
Не кажувате ништо, НИТУ ЗА КОМИСИЈАТА, А НИТУ ДОБИВ ОДГОВОР НА ПРАШАЊЕТО ЗОШТО НЕМАМ ОТПУСНО ПИСМО ДЕНЕС КОГА ДОЈДОВ ВО ТОА ПРОКЛЕТО ОДДЕЛЕНИЕ, А ОТИ?
Нормално, оти си бркате приватни обврски, А па ние извештај чекаме...
Па еве до четврток е рокот да се објави.. Ајде, СВАКО ЧУДО ЗА 3 ДАНА МИСЛЕВТЕ? О од обдукција во следните две недели нема да има, зошто?
Па, сигурно се на одмор ') .. иако е наредено да се направи да е во најбрз можен рок.
Или пак ќе ме вртите исто како што ми нудевте брда и долини за побрзо да ме истерате од болницата.
Јасно е дека има позадина, барем БИДЕТЕ ХРАБРИ И ПРИЗНАЈТЕ. Дури сум жива ќе ве гонам сите кои згрешивте за смртта на моето бебе. Па дури и обдукцијата да ја наместите, пошто знам, јасно и гласно ми беше кажано дека ве крепат, кој пари кој партија, никогаш мирно нема да спиете.
Ќе ве прогонува мојот Јован, Јана и уште х илјадници други деца кои вака безмилосно сте ги убиле.
Ќе се борам до крај!„, напиша таа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.