Родители го тужат синот кој не сака да се исели
Објавено во: Свет 24 Мај, 2018
Родителите на Американецот Мајкл Ротондо(30) го тужеле затоа што не сакал да се пресели од куќата и да живее сам.
Судските документи покажуваат дека тој не плаќа станарина и не помага во домашните работи, а ја одбил и понудата на неговите родители да му ја платат преселбата.
Кристина и Марк Ротондо тврдат дека Мајкл и по пет писма во коишто се известува дека мора да се исели, тој одбива тоа да го направи, со образложение дека „не го известиле навреме”.
Откако ги разгледал аргументите на двете страни, судот наредил Мајкл да биде исфрлен од куќата.