19 Април, 2024
0.0255

Родители на распуст

Објавено во: Стил 20 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Нашите родители беа супер. Ние веќе не сме деца. Пораснавме. Ја презедовме нивната улога. И потфрливме.

Во трката да бидеме супер родители, кои ќе бидат подобри од своите во истата улога, покажавме дека не сме баш дораснати.

Сакаме децата да ги сочуваме во стаклено ѕвоно, додека не пораснат, да им ги исполниме сите желби, да им бидеме другари. Притоа забораваме на многу нешта.

Децата ќе имаат другари. Некои ќе им останат до крај на животот, други ќе имаат епизодни улоги. Она што навистина ќе им треба е некој кој ќе го држи сидрото, додека се движат по немирното море. Некој кој ќе им укаже дека спокојот кој го гледаат денес, може да го однесе ненајавен ветар.

На моменти секој од нас, посебно следејќи ги сите настани кои се случуваат во училишните дворови, се запрашува, па добро дали ова е нормално? Дали е нормално децата да се тепаат? Некој ќе рече, е така откриваш дали некој ќе стане „мек“ кога ќе порасне. Навистина? Тоа ли е? Кои сте вие да одлучувате за судбината на една детска личност врз основа на една тепачка? Па зар сите треба да бидеме насилници? Која е пораката која ја испраќаме до нашите деца? Тепај, ако некој те тепа. Ако не, ти ќе бидеш никаков?

Господе боже, какво е ова општество во кое битката за докажување по кој било основ, треба да биде една тепачка?

Децата денес не ни се културни. Немаат почит кон никој и ништо. Не знаат кога да престанат. Кога ќе погрешат, не се криви. Криви се оние кои треба да бидат нивна водилка во животот.

Што направивме од нашите деца? Зошто станавме такви? 


Целиот текст прочитајте го на Женски магазин овде.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре