Родители протестираа во Кочани и бараа одговорност во редовите на полицијата

Објавено во: Македонија 26 Април, 2025 15:43
Во Кочани денес повторно протестираа семејствата, блиските, пријателите, роднините на 62 загинати и 200 повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март. Денешниот беше четврти протест под мотото „Задоцнета реакција“ и се одвиваше по улиците на градот, пред општинската зграда, пред СВР Кочани и заврши пред Основниот суд.
На денешниот протест акцентирана беше работата на полицијата пред и на самата кобна вечер, а беше побарана одговорност од одговорните кои биле на функција во моментот на несреќата, бидејќи ниту еден од нив засега не е осомничен во истрагата.
Со фотографии од починатите деца, тие ја прозваа совеста кај надлежните и го вперија прстот во МВР. Во пожарот кој се случи на 16 март 2025 година во кочанската дискотека „Пулс“ загинаа 62 лица. Околу 200 беа повредени, четириесетина луѓе се уште се лекуваат во странство
„Се прашуваме, ако вие не сте надлежни за нашата безбедност, тогаш кој е? Имате ли доблест да ја признаете вината за таа кобна ноќ, или тоа не ве учеле кога си ги купувавте дипломите? Секоја сабота нашиот марш е уредно пријавен во полиција, болница, пожарна. Дали концертот на ‘ДНК’, монструмот го пријавил таа кобна ноќ кај надлежните? Дали таа вечер вие, полицијата требаше да бидете таму? Ништо тие деца не прогрешиле што отишле на концертот, но не знаеле како функционираат работите во т.н. дискотека – шталата на смртта. Отпосле дознаваме дека таа била дувло за многу нелегални работи. Дали се правевте слепи и заради нечии профити дозволивте цената да ја платат нашите невини, кутри деца, со нивниот прерано одземен живот? Зошто не ја контролиравте работа на монструмот и имало трипати повеќе присутни од капацитетот. Бараме од вас, МВР, одговорност за прерано згаснатите животи на нашите деца. Ставете се 5 минути во нашата кожа. Можеби други ве аменстирале, ама ние не“, кажа мајката на починатиот моторист Павел Христов од Кочани.
„Поставувам директно прашање до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност и другите институции, кој дозволи да ги убијат нашите ангели? Кој потпишува документ дека децата ни се безбедни на јавни простори и собири? Здравиот разум размислува што потпишува, нечесниот и алчниот потпишува без да се плаши пред судот божји. Ние како мајки не се плашиме да ве прашаме, дајте ни одговори“, кажа мајка на девојче загинато во пожарот.
Можеби ќе ве интересира
Нападнат кошаркар во Куманово, сакале да му го соблечат дресот

Приведен жител на Пласница, прскал полицајци со спреј

СВР Охрид: Му ги грабнал сопругата, ќерката и бабата и му барал пари за да ги пушти

ДУИ повторно реагира: Осум нови вработени, ниту еден Албанец

Кривични пријави за менаџер и газда на дискотека, пуштале музика по трагедијата во Кочани

Пратеник во македонското Собрание си поднесе оставка

Охриѓани ќе треба да ги сокријат климатизерите да не се гледаат

Support Kochani: Мораме да објавуваме фотографии од изгорените од Кочани, само така може да им помогнеме
