29 Март, 2024
0.0369

РОДИТЕЛИТЕ КОНЕЧНО ЌЕ ЗДИВНАТ: И дечињата со попреченост од над шест години ќе добијат лични асистенти на државна сметка

Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Дечињата кои имаат шест и повеќе години и имаат попреченост во развојот, конечно ќе можат да ја добијат услугата лична асистенција од државата, односно да користат лични асистенти на државна сметка.

Ова е предвидено во предлог законските измени на Законот за социјална заштита, кој Владата веќе го испратила во Собранието.

Родителите на дечињата со попреченост досега многу пати го бараа овој тип на поддршка од државата, бидејќи, како што велеа во нивние бројни реакции, на тие деца им е потребна постојана помош, нешто што не можат да си го дозволат сите родители, бидејќи тоа не е возможно на нивните работни места, од кои не можат толку често да отсуствуваат.

Инаку, се досега ваква лична асистенција се обезбедуваше за лицата од 18 па до 65 години.

За своите 80 часа помош на лицата со попреченост, личните асистенти добиваат месечен надоместок од 12.000 денари.

Но, власта, како што неодамна изјави премиерот Зоран Заев на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 декември, сега ја намалува возраста, така што услугата лична асистенција ќе можат да ја користат сите - од шестгодишна до 65 годишна возраст.

„На барање на семејствата на децата со попреченост ја намалуваме возраста кога личната асистенција станува законско право – од сегашните осумнаесет на шест години“, рече Заев.

Според него, од оваа, 2021 година, услугата лична асистенција ќе биде достапна и за децата со потешка и најтешка физичка попреченост, или со целосно оштетување на видот. Со законските измени кои ги изготвило Министерството за труд и социјала, како што рече тој, ќе се овозможи лични асистенти да користат деца на возраст од шест години и повеќе. Премиерот тогаш објасни дека средствата за личните асистенти ќе се обезбедат од буџетот и ова ќе придонесе за стекнување со образование на децата со попреченост, како и нивна социјализација и развој на еднаква основа со нивните врсници, со цел да станат идни активни граѓани во општеството.

Инаку, во образложението на овие предлог законски измени Владата навела дека нивна цел е да се овозможи услугата лична асистенција да ја користат и деца од шест годишна возраст со  намален функционален капацитет, со цел да се овозможи индивидуална помош и поддршка и на децата за вршење на секојдневни активности.

Односно, овие лични асистенти ќе им помагаат на децата во одењето на училиште или другите образовни институции, до центрите за рехабилитација, како и воопшто во вклучувањето во заедницата, односно во работи кои другите деца вообичаено можат да ги прават без поддршка.

Со предложените измени се очекува околу 200 деца да ја добијат услугата на лична асистенција, а тоа ќе го имаат на располагање 80 часа во текот на еден месец.

Според владините пресметки, за да се платат личните асистенти кои ќе им помагаат на овие деца, оваа година во буџетот ќе бидат потребни дополнителни 350 илјади евра.

Инаку, сега во Законот за социјална заштита е наведено дека личната асистенција им се дава на лицата од 18 до 65 годишна возраст, со намален функционален капацитет, со цел да се овозможи независно и самостојно живеење, активно и рамноправно учество во заедницата, како и вршење на секојдневни активности, кои лице без попреченост вообичаено ги врши без поддршка.

По исклучок, личната асистенија може да опфати дополнителни 80 часа месечно за лице кое од резиденцијално згрижување преминува во живеење во станбен објект или со поддршка, а заради поголема потреба од помош и поддршка за независно и самостојно живеење и вклучување во заедницата.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара