Родителите на загинатите деца од Кочани во Собранието, анкетната комисија започна со работа
Објавено во: Македонија 09 Декември, 2025 12:40
Денес во Собранието почна седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, свикана по претставка на родителите на трагично загинатите деца од Кочани
Се разгледува претставка на здружението „16-ти март“ за трагедијата во Пулс во Кочани, во која загинаа 63 претежно млади, а над 210 се повредени. На почетокот на седницата, присутните со минута молк им одадоа почит на загинатите во трагедијата.
На седницата се присутни огорчените родители, подносителите на претставката и блиски на загинатите, а воведното излагање го почна мајката Марија Петрушова. Таа во име на здружението „16-ти март“ побара вистинска правда за загинатите која како што рече е „важна за сите деца во Македонија“. За трагедијата, Петрушова кажа дека е резултат на системски пропусти и корупција, по што побара случајот да се разгледува како прекршување на основните човекови права особено правото на животот.
Во говорот наведе дека е симптоматично што се опфатени само поранешни функционери, а не и функционери кои сега и во времето на трагедијата ја извршувале конкретната функција. Петрушова наведе дека смета како со обвинението и со истрагата се опфатени само службеници од пониско ниво.
- Државата драматично потфрли во борбата со корупција, големите остануваат над законот, наведе Марија Петрушова.
На комисиската седница, на поканите се одзваа претседателката на државата, Гордана Силјановска Давкова, претседателот на владата Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши. Присутни се и координаторите на политичките партии во Собранието, членовите-пратеници на постојаната анкетна комисија, како и други пратеници меѓу кои и лидерот на опозицијата Венко Филипче.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„БРИТАНИЈА ЌЕ И ИСПЛАЌА НА МАКЕДОНИЈА 20 ИЛЈАДИ ФУНТИ ПО ДЕПОРТИРАН МИГРАНТ“: Филипче вели дека ова е недозволиво
Левица: Власта денес го полага испитот за доверба – нема простор за политички калкулации, присуство на седницата за Кочани е должност
„ЖЕЛЕЗНИ ОПИНЦИ ОБЛЕКОА ДА МИ ГО ЗАГОРЧАТ ЖИВОТОТ“: Михаилов обвинува дека трпи закани
МВР ЗАПЛЕНИ НАД 4300 ПАРЧИЊА ПИРОТЕХНИКА ВО ШТИП - сопственикот е уапсен
НЕ СЕ ПРОБЛЕМ МИГРАНТИТЕ, ТУКУ ОНА ОД ШТО БЕГААТ: Најчевска вели „не заборавајте и Македонците се емигранти во различни држави“
„ВЕРУВАМ ДЕКА ИМА ЗАГРОЗЕНИ ОБЈЕКТИ НА ПАДИНИТЕ НА ВОДНО“: Ангелов предупредува, состојбата да се сфати сериозно
За зима и за снег ќе си чекаме и понатаму, следува пролет во Македонија





