Роднина е осомничен за убиството на семејството Ѓокиќ од Србија
Објавено во: Балкан 21 Октомври, 2021
Братучед на семејството Ѓокиќ од Србија е осомничен дека го извршил тројното убиство.
Осомничениот е прв братучед на убиениот Горан Ѓокиќ, кој имал менувачница во Алексинац, пишуваат српските медиуми. Тој бил еден од ретките луѓе во кои Горан Ѓокиќ имал доверба и веројатно го искористил тоа за да ги убие заедно со сопругата Гордана и ќерката Лидија, откриваат полициски извори. Осомничениот братучед е поранешен пожарникар, кој бил многу близок со убиениот Горан. Ѓокиќ го ангажирал роднината да му го пере автомобилот, затоа што немал доверба во работниците во пералниците поради повеќето сефови за пари кои ги имал во колата. Српските медиуми пишуваат дека осомничениот убиец, кој од прв обид го поминал тестот на детектор на лаги, има психички проблеми. Во извештаите на српските медиуми се додава дека осомничениот убиец, кој од прв обид го поминал тестот на детектор на лаги, има психички проблеми.
фото курир.рс