29 Март, 2024
0.0225

Роџер Вотерс не сака да работи за „Белите Шлемови“

Објавено во: Стил 20 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Основачот на легендарната рок-група „Пинк Флојд“, Роџер Вотес, преку писмо го извести списанието Grayzone Projekt дека агенција која ги застапува „Белите шлемови“ се обидела да го придобие на страната на светските ѕвезди, кои со своите активности и ставови треба да го убедат јавното мислење на Западот дека Сирија треба да биде бомбардирана за да се ослободи од владеењето на Башир Ал Асад.

ПР агенцијата со име The Syria Campaign го поканила гитаристот на вечера. Оваа агенција веќе неколку години привлекува на своја страна видни личности кои го осудуваат режимот на владеење во Сирија меѓу кои Џорџ Клуни, Џастин Тимберлејк, Бен Афлек и други. 

Сепак, Вотерс категорично ја одбил поканата а на еден од своите настапи тој „Белите шлемови“ ги нарече организација за манипулирање.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи