Рохани се закани дека ќе им се одмазди на САД ако ги чепнат нивните танкери
Објавено во: Свет 23 Мај, 2020
Одмазда за САД доколку им направат проблем на иранските танкери.
Вакви закани стигнаа од иранските власти.
Претседателот Хасан Рохани се закани со одмазда доколку САД им направат проблем на танкерите кои носат нафта за Венецуела.
„Доколку нашите танкери на Карибите или каде било на друго место во светот имаат проблем поради Американците, тогаш тие, исто така, ќе бидат во проблем“, изјавил Рохани во телефонски разговор со катарскиот емир.
Флота од пет танкери, кои превезуваат иранска нафта за Венецуела, се приближува кон Карибите.
Првиот брод се очекува утре да вплови во водите на таа земја.
Пет ирански танкери со 1,5 милиони барели нафта се упатија кон Венецуела.
Иран и САД пред неколку месеци имаа напнати односи, поради убиството на генералот Касим Сулејмани.