23 Април, 2024
0.0353

Ројтерс: Франција се спротивставува на разговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Франција им дала сигнал на останатите земји-членки на Европската унија оваа недела дека засега е против започнување преговори за членство со Северна Македонија и Албанија, изјавија дипломатски извори за Ројтерс, фрлајќи сенка врз амбицијата на земјите да се интегрираат со Западот.

Повеќе од половина од 28-те земји-членки на ЕУ, како и нејзините највисоки претставници во Брисел вршат притисок да се наградат двете балкански држави за реформите со тоа што се согласија да започнат разговори за пристапување, пишува Ројтерс.

Тие предупредуваат дека Русија, Кина или Турција ќе го искористат стратешкиот вакуум во проблематичниот регион доколку ЕУ не успее да задржи опипливи изгледи за тамошните земји.

Според Париз, ЕУ сега се соочува со премногу предизвици за да преговара со уште две држави од Балканот, а регионотсè уште се бори со криминал и корупција. Франција вели дека ЕУ треба прво да се реформира одвнатре заради поголемо единство за климатските промени и миграцијата, и дека двете земји треба да обезбедат дополнителни реформи пред да бидат одобрени разговорите.

„Тие сè уште не се таму. Бараме од нив да направат дополнителни напори “, рече француски официјален претставник. „Преговорите не можат да се отворат во октомври 2019 година, ќе треба да ја преиспитаме ситуацијата некаде во 2020 година.“

Едногласност меѓу 28-те земји-членки е потребно да започнат преговори за пристапување.

Министрите на ЕУ повторно ќе разговараат за ова прашање во вторникот во Луксембург, пред националните лидери да се состанат во Брисел на самитот на 17 и 18 октомври. Овој потег веќе беше одложуван повеќепати.

„Ова е многу фрустрирачко за повеќето земји-членки. Нашиот кредибилитет е доведен во прашање “, рече дипломат од земја која е подготвена да ја отвори вратата за кандидатите од Западен Балкан.

„Северна Македонија и Албанија направија многу. Да, треба да се направат уште многу, но започнувањето на разговорите за членство е само првиот чекор, процесот ќе трае со години и тие ќе мора да ги исполнат сите критериуми пред да бидат внесени“.



Можеби ќе ве интересира

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи