29 Март, 2024
0.0258

Рокот измина, можат ли други „играчи“ да го загреваат Скопје?

Објавено во: Економија 22 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Иако пред два дена измина рокот, од Владата и ЕСМ се уште нема одговор дали се прифатливи условите на „Макпетрол“, односно на деловниот партнер „Гаспром“, за набавка на природен гас кој ќе треба да се трансформира во топлинска енергија и да ги загрева скопјани во грејната сезона.

Грејната сезона почнува на 15 октомври , најрано пак парното може да се вклучи на 1 октомври, ако температурите се ниски. Сепак,  се уште нема одговор  од властите,  од каде и кога ќе се набават потребните количини на гас. Нема се уште ниту  информација дали ТЕ-ТО ќе се согласи да покрива 70 проценти од потребите на топлинска енергија и дали ќе работи 24 часа и ќе генерира струја.

Според информациите на „Фактор“, Бугарската асоцијација за гас пред неколку дена во Скопје ја регистрираше својата компанија „Болкангазнет Доо“ со дејност „трговија на гас преку дистрибутивните системи“. Истовремено и грчките компании ЕДС и Митилинеос добија лиценци од Регулаторната комисија за енергетика за трговија и снабдување со природен гас. Претходно, претставник на српската стопанска комора рече дека постои можност гас да се носи од Србија во Македонија со воз, доколку не е можно тоа да се прави преку Бугарија.

- Гаспром во моментов не е доверлив партнер и цената е многу висока, а истовремено треба да се знае дека гасоводот што го имаме со Бугарија не е стоотстотно искористен неговиот капацитет и може да се пополни со други партнери, ни изјави соговорникот кој го контактиравме а наедно е добар познавач и стопанственик во дејноста.

Засега единствено е познато само дека обраќање до „Макпетрол“ имало од ЕСМ, која го презеде управувањето со БЕГ и ќе биде одговорна за снабдување со топлинска енергија. Се интересирале кај компанијата дали може да ги обезбеди потребните количини на гас за претстојната грејна сезона, за работа на топланите Исток и Запад. Од „Макпетрол“ потврдуваат дека и за своите клиенти, како и за сите топлани во Скопје, ги имаат обезбедено потребните количини на гас, и дека за тоа ја известиле и ЕСМ, дека компаниите ќе ги добијат потребните количини од овој енергенс. За таа цел на ЕСМ и била испратена и профактура за плаќање на нарачаните количини.

- Јас добив барање од „Макпетрол“, но за тоа не одлучувам јас. Треба да се обрати до ЕСМ заради тоа што таму се директните импликации. Ако има ЕСМ интерес за цената, тогаш зошто да не би склучиле договор со „Макпетрол“ или со други снабдувачи на природен гас. Ако цените се високи, ЕСМ има обврска да најде што поповолна цена која нема да влијае во зголемувањето на цената за потрошувачите. Моја, а и на премиерот и на Владата, обврска е да најдеме извори со поволна цена и количина. „Макпетрол“ е само еден од трговците. Има и други трговци. Ова е конкурентна економија, рече министерот за економија Крешник Бектеши пред два дена, запрашан за ситуацијата со снабдувањето на гас заради загревање на прагот на грејната сезона.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи