РОКОТ НЕ ИСТЕКУВА ДЕНЕС: Проверка на пријавите од УЈП и викендов
Објавено во: Економија 31 Мај, 2019
Граѓаните ќе може да ја потврдат или да ја коригираат претпополнетата Годишна даночна пријава и во текот на викендот односно на 1. и на 2. јуни, соопштија од Управата за јавни приходи.
„Ова од причина што крајниот рок за добивање на статус на конечни даночни пријави е во неработен ден, согласно на што на 03.06.2019 (понеделник), Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави според последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана, велат од УЈП.
Пријавите коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени или коригирани ќе бидат службено потврдени.