РОКОТ ПОЗНАТ: До кога треба да се заврши експресниот пат Штип – Радовиш
Објавено во: Економија 17 Септември, 2019
Динамиката за изградба на експресниот пат Штип - Радовиш е сериозна, убедуваат надлежните кои се оптимисти дека патот ќе биде завршен пред рокот кој е предвиден до април 2021 година.
51 милион евра е сумата која се издвојува за изградбата на тој пат а директорото на државни патишта вели дека се држи лекција за начинот на кој треба да се гради.
Во тек е градбата на првата фаза аво фаза на евалуација е и втората фаза која се протега од Три Чешми до мостот на Брегалница и од Бучим до излезот на Радовиш.
„Со изградбата на овој експресен пат ќе го подигнеме животниот стандард на преку 170 илјади жители на Југоисточниот регион“ - напиша министерот Сугарески на Фејсбук.