РОКОТ ТЕЧЕ: Работниците чекаат К-15
Објавено во: Економија 02 Декември, 2020
Месецов работниците ќе треба да добијат К-15.
Работниците очекуваат да им биде исплатен регрес за годишен одмор до крајот на годинава. Минималниот изос на регресот е 10.884 денари. Но, фирмите кои не оствариле добивка годинава не се обврзани да исплатат К-15. Сепак, за ваквата состојба тие треба да ги информираат работниците. Синдикатите најавуваат тужби како за приватниот, така и за институциите кои нема да ја реализираат обврската.
Сумата е утврдена врз основа на податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен.
Основен услов кој треба да се исполни одреден вработен за да добие К-15 е најмалку 6 месеци да работи во годината кај ист работодавач.
За работодавцачите кои нема да дадат К-15 или пак ќе го побараат назад од вработените, се пропишани парични казни до 4.000 евра.