Романија ја сели амбасадата од Тел Авив во Ерусалим - Кој е следен?
Објавено во: Свет 20 Април, 2018
Романија ќе биде меѓу првите земји која својата амбасада од Тел Авив ќе ја пресели во Ерусалим според примерот на САД, а според весникот Times of Israel на тоа се подготвени уште пет земји.
„Задоволство ми е што можам да соопштам дека најмалку шест земји сериозно разговараа со нас за преместување на нивните амбасади во Ерусалим. Ви благодарам Гватемала, што го направивте тоа. По вашите стапки ќе тргнат и другите“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред странските амбасадори на настанот посветен на Денот на независноста на Израел кој се одбележува на 19-ти април.
Нетанјаху притоа не прецизирал со кои држави на оваа тема разговарале израелските власти.
Претходно Нетанјаху изјави дека Гватемала во мај истовремено со САД ќе ја пресели своијата амбасада од Тел Авив во Ерусалим, и предвиде дека нивниот пример ќе го следат и други земји. Тогаш беше истакнато дека „според процените на израелските дипомати, Хондурас речиси сигурно, ќе биде една од земјите коишто ќе донесат иста одлука“.
Истовремено со изјавата на Нетанјаху, во четвртокот вечерта во Букурешт шефот на владејачките социјалдемократи Ливиу Драгнеа изјави дека и Романија одлучила да ја премести во Ерусалим својата амбасада во Израел.
„Одлуката е донесена, почнуваат процедурите“, изјави Драгнеа за радио станицата Antena 3, но засега нема официјална потврда од владата.