Романската премиерка Данчила ќе се кандидира за претседател
Објавено во: Балкан 24 Јули, 2019
Виорика Данчила, моменталната премиерка на Романија, на есен ќе се кандидира за претседател.
Педесет и пет годишната Романска премиерка изјавуваше дека не сака да биде во трката за претседател, но сепак „подлегна“ под големиот притисок од нејзината матична партија.
Во ноември, премиерката Данчила ќе се обиде на претседателските избори да го спречи сегашниот претседател Клаус Јоахис да освои втор мандат.
Данчила е и лидер на Социјалдемократската партија, а нејзината кандидатура треба да се потврди и од страна на партискиот конгрес, кој треба да се одржи на почетокот од наредниот месец, на 03 август.