Роналдо бара да се заштитат шумите во Амазон
Објавено во: Свет 23 Август, 2019
Светски познатиот фудбалер и член на Јувентус, Кристијано Роналдо преку Твитер апелира да се подигне свеста за зачувување на природните богатсва. Неговиот пост е предизвикан од шумски пожар во Амазон.
„Амазонските дождовни шуми произведуваат повеќе од 20 % од кислородот во светот, а тие горат изминативе три недели. Наша одговорност е да помогнеме да ја спасиме нашата планета“, напиша Роналдо под фотографијата од запалениот „Амазон“.
Пожарите во Амазонската прашума, најголемата прашума во светот, се најголеми откако бразилскиот Национален институт за вселенски истражувања (ИНПЕ) почна да ги следи со сателит во 2013 година.
Од почетокот на годината во Бразил избиле повеќе од 72.000 пожари, од кои повеќе од половината во Амазонија, која самата е голема колку половина САД. Тоа е зголемување од 83 отсто во однос на лани, јавуваат агенциите.