28 Март, 2024
0.0240

РСБСП продолжува со активности за одбележување на Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди

Објавено во: Мои пари 20 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Превентивната акција „Време е! Разбуди ја свеста и кажи стоп за смртта на патиштата!“ која по повод Светскиот ден на Сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди ја организира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата,  денес продолжи со реализација на превентивно-едукативни активности во Битола.

Имено, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со Секторот за превенција при СВР Битола и Здружението на моторциклисти „Ѓорги Стефановски“, денес  во Битола организира повеќе јавни настани со цел подигање на свеста за последиците од сообраќајните незгоди и едукација на учесниците во сообраќајот за потребата од целосно и безусловно почитување на сообраќајните правила и прописи.

Во таа насока, покрај превентивната  акција за дистрибуција на сообраќајно-едукативни материјали, беше организирано и едукативно предавање за учениците од СОУ „Таки Даскало“ – Битола на кое учениците беа едуцирани за ризиците и опасностите кои ги демнат младите возачи во сообраќајот.

Покрај тоа, во помен и сеќавање на лицата кои ги загубија животите во сообраќајни незгоди, а со цел да се сврти вниманието на учесниците во сообраќајот и симболично да  се укаже дека човечкиот живот може многу лесно да се загуби доколу не се почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, учениците од СОУ „Таки Даскало“ – Битола пуштија црни балони на улица „ Димитар Илиевски-Мурато“.

На денешниот настан сакаме да испратиме порака  во која укажуваме на потребата дека  сите учесници во сообраќајот треба заеднички да водат грижа за сопствената безбедност во сообраќајот, но и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Ако го издигнеме  етичкиот кодекс во сообраќајот на повисоко ниво, значително ќе ги намалиме ризиците и заканите во сообраќајот. Во таа насока, посебно важна е улогата и однесувањето на младите кои се стекнуваат со право за управување на моторно возило бидејки, според статистиката, сообраќајните незгоди претставуваат водечка причина за смртност на младата популација.  - истакна Претседателот на РСБСП Гордана Кожуваровска.

Годишно, на светско ниво, 1,3 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди, од кои  400.000 се млади лица на возраст до 25 години, а 20 до 50 милиони лица се повредени. Ваквата состојба потврдува дека безбедноста во сообраќајот е сериозен предизвик не само во Северна Македонија туку и на светско ниво.

Со цел да се издигне на повисоко ниво свеста за последиците од сообраќајните незгоди и со цел намалување на бројот на настрадани лица во сообраќајни незгоди, РСБСП и во наредниот период ќе продолжи со интензивни сообраќајно-едукативни активности насочени кон сите групи на учесници во сообраќајот и кон сите ризик фактори кои ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот.


Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село