18 Април, 2024
0.0239

РСБСП со апел: Крајно време е да се променат навиките и културата во сообраќајот, почнувајки секој од себе

Објавено во: Мои пари 12 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Сообраќајните незгоди, загинати и повредени лица на патиштата се наше секојдневие, а свеста, навиките и културата на однесување во сообраќајот и понатаму не се на потребното ниво. Брзо возење, возење под дејство на алкохол, непочитување на сообраќајните правила и прописи, не користење на сигурносни појаси, употреба на мобилни телефони при учество во сообраќај,  неетичко, некултурно, неодговорно однесување во сообраќајот и понатаму се главните причини за предизвикување на сообраќајни незгоди со тешки и фатални последици.

Она што дополнително загрижува е фактот што учесниците во сообраќајот во голем дел не се ни свесни за грешките и пропустите кои секојдневно ги прават во сообраќајот и на тој начин одредени опасни појави преминуваат во секојдневна лоша навика која често значи и причина за изгубен човечки живот.

Најголем дел од учесниците во сообраќајот се единствени во ставот дека сообраќајната култура е на ниско ниво и дека недоволно се почитуваат сообраќајните правила и прописи, но притоа сите ја бараат вината и пропустите кај другите, а истовремено забораваат за сопствената одговорност и сопствениот придонес за побезбеден сообраќај.


Невозможно е да помине едно деноноќие или еден викенд, а да не се случи тешка сообраќајна незгода со повредени или загинати лица. Во Република Северна Македонија,во просек годишно околу 160 лица го губат животот во сообраќајни незгоди, а околу 6000 лица се  тешко повредени.  Тоа значи  дека на секои два – три  дена по еден човек го губи животот во сообраќајна незгода,  а по неколку лица на  ден се тешко повредени и остануваат со траен инвалидитет како последица на сообраќајна незгода. 

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира: „Секој учесник во сообраќајот да преземе поголема лична одговорност во сообраќајот. Целосно и безусловно почитување на сообраќајните правила и прописи и максимално почитување на поставената сообраќајна сигнализација е обврска на секој учесник во сообраќајот без разлика дали станува збор за  пешак, велосипедист, мотоциклист, или возач. Да продолжиме да ја градиме и да ја менуваме сообраќајната култура, почнувајки секој од себе, преку личен пример и позитивен придонес,  за помалу  жртви и поголема безбедност на улиците и патиштата.

Последиците од секојдневната слика на која можеме да видиме возачи кои достигнуваат големи и неразумни брзини, во или надвор од населено место,  пијани возачи, возачи и патници кои не користат безбедносен појас, непрописно паркирани возила насекаде,  мотоциклисти без заштитна кацига, велосипедисти без осветлување во ноќни услови, пешаци кои се движат надвор од тротоарот и кои ја поминуваат улицата таму кај што им е „најзгодно“, итн. ги чувствуваат и ги трпат сите учесници во сообраќајот, а цената за тоа е голем број на изгубени човечки животи.

Само во 2018 година, 133 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди, а 5860 лица се сериозно повредени. Затоа, крајно време да се променат навиките и културата во сообраќајот, почнувајки секој од себе.  Бидете одговорни  учесници во сообраќајот. 


Можеби ќе ве интересира

Дали гласањето е право на избор или обврска? Дали е до нив, или до тебе е?

Дали гласањето е право на избор или обврска? Дали е до нив, или до тебе е?

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро

Празнувањето може да започне

Празнувањето може да започне

Забрзајте и олеснете ги секојдневните домашни работи со Gorenje

Забрзајте и олеснете ги секојдневните домашни работи со Gorenje

Работилници за врсничко насилство и за учениците од Берово во кампањата на „Макпетрол“

Работилници за врсничко насилство и за учениците од Берово во кампањата на „Макпетрол“

Караванот на Државна изборна комисија е дел од кампањата - „ТИ СИ НА РЕД“ и започнува утре во Градско, Битола и Пласница

Караванот на Државна изборна комисија е дел од кампањата - „ТИ СИ НА РЕД“ и започнува утре во Градско, Битола и Пласница

Јована Матевска Атанасова: Наградата „Пегаз“ е круната на мојот досегашен книжевен труд

Јована Матевска Атанасова: Наградата „Пегаз“ е круната на мојот досегашен книжевен труд

„Халкбанк“ организира работилници за заштита на животната средина во рамки на иницијативата „Прајслес планет“

„Халкбанк“ организира работилници за заштита на животната средина во рамки на иницијативата „Прајслес планет“

БИТОЛЧАНЕЦОТ Ј.М. ГО ОСВОИ РЕКОРДНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

БИТОЛЧАНЕЦОТ Ј.М. ГО ОСВОИ РЕКОРДНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ