29 Март, 2024
0.0273

РСБСП со апел: Останете будни, концентрирани и внимателни секогаш кога сте позади воланот!

Објавено во: Мои пари 24 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Летото е период на одмори и патувања.  Статистичките поддатоци покажуваат дека во летниот период интензитетот на сообраќајот расте повеќекратно, а со тоа се зголемува и бројот на сообраќајни незгоди и бројот на настрадани лица во сообраќајни незгоди.

Ако ја земеме во предвид црната статистика, со право може да се каже дека летните месеци се црни денови во сообраќајот.  Секојдневно на патиштат се губат многу човечки животи.

Една од причините за фаталниот исход во сообраќајот во летниот период е токму заморот.  Според истражувањата на релевантни меѓународни организации, заморот е примарна причина за околу  20% од смртните случаи на патиштата во светот.  Слична е состојбата и на патиштата кај нас. 

Според истражувањата,  најголем дел од сообраќајните незгоди предизвикани од заморот се случуваат токму во летниот период, т.е во услови на високи температури и долги патувања. Најголем број од сообраќајните незгоди поврзани со замор се случуваат во часовите предвидени за спиење.  Она што исто така е карактеристично  е тоа што сообраќајните  незгоди кои се последица на заморот најчесто завршуваат фатално поради недостатокот на можност за реакција од страна на возачот, односно поради  недостатокот на можност за избегнување или амортизирање на последиците од незгодата.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата  уште еднаш потсетува: 

•  Бидете  одговорни  возачи.  Возете одморени  и не го потценувајте заморот,  затоа што заморот е посилен од вас. 

•  Планирајте го вашето патување на време и патувајте наспиени и одморени. Планирајте го вашето време на тргнување  според тоа кога сте најмногу одморени,  а не според гужвата во сообраќајот и според гужвата на граничните премини.

•  Не тргнувајте на долг пат после работа или после цел ден поминат на плажа. Подобро,  еден ден помалку на одмор, откоклу да учествувате во сообраќајна незгода која може да биде со долгорочни и фатални последици.

•  Правете 15 минути пауза на секој два часа ефективно возење. Кратките паузи се добредојдени за освежување на концентрацијата и вниманието.

•  Не тргнувајте на пат ако се чувствувате изморени, ненаспиени и деконцентрирани. Возењето е комплексна работа која бара во исто време да се извршуваат повеќе активности и  да се следат повеќе ситуации истовремено.  Возењето бара фокусираност,  концентрација и енергија.

•  Консумирајте повеќе вода кога возете. Консуирањето на вода освежува. Избегнувајте да консумирате  благи напитоци со многу шеќер.

•  Бидете внимателни со употребата на лековите и другите психотропни супстанции  ( задолжително прочитете го упатство и консултирајте се со лекар доколку имате потреба).

 Најдобар  начин за справување со заморот е добро спиење. Ниту еден кофеински или енергетски  производ не може да го замени добриот сон пред тргнување на пат.  Ефектите од користење на енергетски пијалоци се краткотрајни ( моментални) бидејки тие не му даваат дополнителна енергија на организмот туку само максимално ја црпат енергијата од организмот и за неколку часа предизвикуваат комплетен замор и истрошеност на организмот.

Затоа: Не дозволувајте летното патување  да се претвори  во  нечија семејна трагедија! Возете наспиени и одморени!  Ова лето, безбедноста нека ви биде на прво место!


Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија