19 Април, 2024
0.0276

РСБСП со одговори: Сигурносни појаси - кој, кога, зошто?

Објавено во: Мои пари 14 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Една од причините за големиот број на загинати и тешко повредени лица во сообраќајни незгоди  е ниското ниво на употреба на сигурносни појаси. И покрај тоа што користењето на сигурносни појаси е законска обврска за која се свесни речиси сите возачи и патници, сепак голем дел од возачите и патниците не ја почитуваат оваа законска обврска.

Со цел подигање на свеста за потребата од редовно користење на сигурносните  појаси, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата  со  совети, информации и одговори на клучните прашања  за тоа кој, кога и зошто треба да користи сигурносен појас:

Кој,  зошто и кога  треба да користи сигурносен појас?


  Користењето на сигурносниот појас е наменето исклучиво за лична безбедност и заштита на возачот односно патникот.

  Сигурносниот појас значително влијае на тоа какви ќе бидат последиците од сообраќајните незгоди.

  Обврската за користење на  сигурносни појаси се однесува на возачот, на сопатниците  на предните седишта,  но и на сопатниците на задните седишта, односно на сите седишта во возилото во кои има вградено сигурносен појас, возачот односно патниците,  имаат задолжителна обврската за користење на сигурносен појас.

  Обврската за користење на сигурносен појас е задолжителна за возачот и сите патници во возилото без разлика на тоа  дали возилото се движи во населено или надвор од населено место.

  Обврската за користење на сигурносен појас  не се однесува исклучиво  на:

-  доставувач на стока во прометот, во местото на испорачувањето 

-  возачи кога со возило се движат со брзина на човечки од, кога се движат наназад и на паркиралишта.

  Децата до 5 години задолжително треба да користат детско седиште врзано со сигурносен  појас.

  Не користењето на сигурносниот појас се санкционира со парична казна наменета исклучиво за лицето кое не користи појас без разлика дали станува збор за возач или патник на предното или задното седиште.

  Во случај на сообраќајна незгода, сигурносниот појас и воздушното перниче ќе го  забават  и ќе го спречат движење на телото кон цврстите делови на возилото, со што се апсорбира голем дел од силата што се ослободува при судир. Последиците за  возачот и патниците се помалку сериозни во однос на оние возачи и патници кои што не ги користат  сигурносен појас.

Имајќи ги во предвид горенаведените факти, РСБСП со апел: „Биди паметен!  Не заборавај!  Возачите и патниците секогаш мора да користат сигурносен појас. Дури и на  најкратките патувања.“

Можеби ќе ве интересира

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер