Рудници во вселената - Бизнис кој ќе вреди трилиони
Објавено во: Економија 23 Април, 2018
Според анализата направена од банкарската и финансиска институција Goldman Sachs рудниците во вселената ќе бидат бизнис кој ќе носи трилиони долари профит, а тој што ќе успее да ги приватизира и експлоатира во свое име ќе стане првиот трилионер на планетата со огромна моќ и богатство.
Само во нашиот Сончев систем има огромен број на астереоди на кои во идните децении ќе може да се лансираат вселенски рударски мисии. На тој начин корпорациите ќе имаат пристап до огромни количини на ресурси кои би ги експлоатирале благодарение на технолошката империорност, а не базирани на меѓусебни судири за земјиште и политичи прерогативи.
Во непосредна близина на Земјата има околу 12.000 астероди богати со железо, никел, како и скапоцени материјали кои се значително погусти и посодржајни, што ги прави фантастичен ресурс за експлоатирање.
Најисплатливо би било „ловењето“ астероиди, односно со едноставна технологија да се спроведе контрола над орбитата на вселенското тело, за потоа со вселенски бродови кои ќе бидат многу практични и функционални да се врши експлоатацијата на рудата за што ќе бидат потребни минимални човечки ресурси.
Покрај приватните компании и државите исто така имаат интерес да влезат во трката за вселенски рудници, а најмногу вложува Луксембург, дури 223 милиони евра од државниот буџет наменети за компании кои ќе обезбедат технологии, знаење и иновации во оваа област.
Извор: rt.com