26 Октомври, 2020
0.0362

Рудник САСА ги презема сите мерки за сигурност и заштита на животната средина

Објавено во: Мои пари 18 Септември, 2020

Рудникот САСА итно започнасо санација на последиците од  краткотрајно истекување на јаловишен материјал во локалниот речен тек, што се случи на што на 14.09.2020 и кое во краток рок беше запрено.

Во договор со надлежните институции на локално и државно ниво и по добивањето неопходните одобренија, во најкраток можен рок Рудник САСА ќе започне со чистење на речното корито. Во првата фаза од чистењето ќе бидат опфатени приоритетните зони посочени од надлежните институции, а во втората фаза ќе се пристапи и кон чистење на преостанатиот дел од речното корито за што компанијата подготвува план и соодветна документација. Целата операција ќе се одвива во соработка и координација со локалната заедница и општината Македонска Каменица.

Дополнително, рудник САСА ќе изврши темелна анализа, врз основа на што компанијата ќе ги преземе сите неопходни дополнителни активности кои треба да обезбедат долгорочна заштита на животната средина, биодиверзитетот и здравјето на луѓето.

Паралелно со ова, Рудникот САСА, раководејќи се според најдобрите достапни светски технологии и стандарди во оваа област, ќе ги направи сите потребни инженерски прилагодувања со цел да се осигури дека вакво нешто нема да се повтори. За таа цел веќе се ангажирани и глобалните консултанти од компанијата „Најт Пиезолд“ кои исто така ќе помогнат во овој процес.

Во реализација на сите овие мерки и активности, Рудникот САСА и понатаму интензивно ќе соработува со сите надлежни институции на локално и државно ниво, како и со претставници од академската, научната заедница и граѓанскиот сектор, со цел да се обезбеди натамошен одржлив развој на рудникот во согласност со највисоките стандарди.

Можеби ќе ве интересира

Huawei ги претстави FreeBuds Studio со интелигентно и динамично намалување на бучава и Hi-Fi квалитет

Huawei ги претстави FreeBuds Studio со интелигентно и динамично намалување на бучава и Hi-Fi квалитет

Huawei ги претстави HUAWEI × GENTLE MONSTER Eyewear II, отворајќи пат за паметната аудио мода

Huawei ги претстави HUAWEI × GENTLE MONSTER Eyewear II, отворајќи пат за паметната аудио мода

Едноставно и брзо интернет решение за сложени времиња

Едноставно и брзо интернет решение за сложени времиња

Силк Роуд Банка во вторник започнува со исплатата на пензиите за месец октомври

Силк Роуд Банка во вторник започнува со исплатата на пензиите за месец октомври

Дали Huawei Mate 40 Pro ќе го победи недостигот на Google апликации?

Дали Huawei Mate 40 Pro ќе го победи недостигот на Google апликации?

Макпетрол совети за патување со автомобил низ регионот

Макпетрол совети за патување со автомобил низ регионот

Huawei Mate 40 Pro е новиот крал на DxOMark

Huawei Mate 40 Pro е новиот крал на DxOMark

Чекор напред со HUAWEI Mate 40 серијата: Huawei ја претстави најмоќната постава на Mate досега

Чекор напред со HUAWEI Mate 40 серијата: Huawei ја претстави најмоќната постава на Mate досега

Прогласени победниците на „Наградата за социјално претприемништво 2020“ (Social Impact Award 2020)

Прогласени победниците на „Наградата за социјално претприемништво 2020“ (Social Impact Award 2020)