23 Април, 2024
0.0254

Рудникот САСА целосно опреми училници во средното училиште во Македонска Каменица

Објавено во: Мои пари 24 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

– Рудникот за олово и цинк САСА целосно опреми пет училници во средното училиште „Миле Јаневски – Џингар“ во Македонска Каменица. Училниците, кои ги користат ученици од рударската насока, добија комплетно нов инвентар и современа информатичка опрема, неопходни за извршување на секојдневните училишни активности. Вкупната донација е во вредност од приближно 400 илјади денари.


Веруваме дека напорите кои ги вложуваме во унапредување на условите во рударскиот образовен систем, ќе обезбедат квалитетен кадар кој е неопходен за развој на оваа индустриска гранка. Централ Азија металс е посветен на долгорочниот развој на Рудникот САСА и на целокупната рударска индустрија во Република Македонија, обезбедувајќи бенефит и за локалната заедница и за земјата во целина“, изјави Олег Телној, генерален директор на САСА.


Во насоката „Рударство“ во средното училиште во Македонска Каменица учат вкупнодваесет ученици од градот и од околните места. Оваа донација директно влијае врз подобрување на квалитетот на образовниот процес во училиштето.

Среќни сме што САСА ги препознава потребите на локалната заедница и презема конкретни чекори за подобрување на животот на заедницата. Подобрувањето на усло-вите во образованието, а особено оние во „рударската“ насока, е од исклучителна важност за Македонска Каменица како рударски град. Се надеваме дека соработката со Рудникот САСА и компанијата Централ Азија Металс ќе продолжи и во иднина“, истакна Соња Стаменкова, градоначалник на М.Каменица.


Покрај подобрувањата што САСА ги обезбеди во средното училиште „Миле Јаневски – Џингар“, во 2018 година Рудникот исто така обезбеди поддршка за 10 студенти од насоките за рударство, геологија и животна средина на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а во ноември е пуштено во употреба спортското игралиште во основното училиште во Македонска Каменица, реконструирано со средства од САСА. Освен поддршката за унапредување на образованието, Рудникот редовно финансиски учествува во проекти за подобрување на инфраструктурата, социјалата и спортот во локалната заедница.

Рудникот за олово и цинк САСА е во сопственост на Централ Азија металс (Central Asia Metals PLC) која котира на Лондонската берза и има долгорочни планови за развој на рудникот и на општествено одговорни проекти важни за просперитетот на локалната заедница и на економијата.


Можеби ќе ве интересира

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!