21 Октомври, 2021
0.1646

РУМЕН РАДЕВ: Борисов да не ја користи својата партија како штит и да се кандидира за претседател

Објавено во: Балкан 27 Септември, 2021

Бугарскиот претседател Румен Радев го повика лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, да се кандидира за шеф на државата.
Како што пренесува БГНЕСРадев смета дека „крајно време е Борисов да не ја користи својата партија како штит и да ја одбрани нејзината чест со кандидирање за претседател“. 

Апелот до поранешниот бугарски премиер Борисов го упати за време на отворањето на новата академска година на Универзитетот за рударство и геологија.

Од денеска, иницијативните комисии, кои ќе номинираат независни кандидати за претседател и потпретседател на изборите на 14 ноември, можат да аплицираат за да се регистрираат во Централната изборна комисија на Бугарија. Крајниот рок за доставување документи е 4 октомври.

Според Уставот на Бугарија, право да биде избран за претседател и потпретседател има секој бугарски државјанин кој нема друго државјанство, на денот на изборите – 14 ноември, да има полни 40 години, да не е ставен под старателство, да нема забрана, не издржува затворска казна и живее во земјата во последните пет години.

Секој претседател и потпретседател на Бугарија може да има два последователни мандата.

Можеби ќе ве интересира

Србија воведува ковид пропусници

Србија воведува ковид пропусници

(ВИДЕО) Најдени се мигранти под автобус кој сообраќал на релација Сараево – Франкфурт

(ВИДЕО) Најдени се мигранти под автобус кој сообраќал на релација Сараево – Франкфурт

Во Романија на секои 5 минути по едно лице умира од коронавирусот

Во Романија на секои 5 минути по едно лице умира од коронавирусот

За недела дена од коронавирусот починале браќа близнаци во Србија, а потоа и нивната мајка

За недела дена од коронавирусот починале браќа близнаци во Србија, а потоа и нивната мајка

Се плашел да го приклучат на респиратор, избегал од болница, и починал дома

Се плашел да го приклучат на респиратор, избегал од болница, и починал дома

Нема подобрување, во Србија има скоро 8.000 заразени

Нема подобрување, во Србија има скоро 8.000 заразени

Албанија за неколку месеци ќе лансира сателити во орбитата

Албанија за неколку месеци ќе лансира сателити во орбитата

ГОЛЕМА ТАГА ВО КРУШЕВАЦ-16-ГОДИШЕН СРЕДНОШКОЛЕЦ ПОЧИНА ОД КОВИД: Бил во изолација поради татко му кој бил позитивен на вирусот

ГОЛЕМА ТАГА ВО КРУШЕВАЦ-16-ГОДИШЕН СРЕДНОШКОЛЕЦ ПОЧИНА ОД КОВИД: Бил во изолација поради татко му кој бил позитивен на вирусот

ДВЕ СЛАВНИ ЈУГОСЛОВЕНСКИ ЛИЧНОСТИ ПОЧИНАА ОД КОВИД: Титовиот адмирал Бранко Мамула и голманот Драган Пантелиќ ја изгубија последната битка

ДВЕ СЛАВНИ ЈУГОСЛОВЕНСКИ ЛИЧНОСТИ ПОЧИНАА ОД КОВИД: Титовиот адмирал Бранко Мамула и голманот Драган Пантелиќ ја изгубија последната битка