РУСИЈА Е СКЕПТИЧНА: Дали примирје за нив е прифатливо?

Објавено во: Свет 13 Март, 2025 16:20
Властите во Русија веруваат дека привременото примирје со Украина ќе биде лажно и ќе придонесе земјата да се вооружи.
За помошникот на рускиот претседател Владимир Путин за меѓународна политика, Јури Ушаков, на Русија ѝ е неопходно долгорочно, а не имитација на мировно решение, кое нема да ги содржи легитимните руски интереси. Ушаков му го пренел на американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц.
„Јас ја изложив нашата позиција дека предлогот не е ништо повеќе од привремен одмор за украинската војска, ништо повеќе... Нашата цел е долгорочно мировно решение, мировно решение кое ќе ги земе предвид нашите легитимни интереси. Ми се чини дека такви чекори кои само имитираат мировни акции никому не му се потребни во оваа ситуација“, изјави Ушаков.
Претходно, Ројтерс објави дека Русија му претставила на Вашингтон листа од неколку барања за крај на војната, без да посочи кои, иако неофицијално се работи за старите услови да нема членство за Украина во НАТО, распоредување странски сили и меѓународно признавање на Крим и четирите анектирани украински региони.Украина се сложува за примирје. Војната трае повеќе од три години и американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ако таа продолжи, ќе биде страшно. Украинската и американска делегација деновиве имаа состанок во Џеда во Саудиска Арабија.
Можеби ќе ве интересира
ПЕТ ПРИЧИНИ ЗОШТО ПРОПАДНА ПЛАНОТ НА ТРАМП ЗА БРЗО ПРИМИРЈЕ ВО УКРАИНА - повеќе од два месеци американскиот претседател нема успех во тоа што го ветуваше

ТРАМП ЗА УКРАИНА: Се водат преговори за договор, конкретно за поделба на територијата

БРИТАНСКИОТ ПРИНЦ НА ТЕНК БЛИЗУ РУСКАТА ГРАНИЦА: Каква порака испраќа до Русите?

(ВИДЕО) ОШТЕТЕНА Е ГАСОВОДНАТА СТАНИЦА ВО СУЏА: Ова би попречило транзит на руски гас кон Европа

„ЗБОГУМ“: Шолц се збогува со европските претставници

ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА НА НЕБОТО НАД АНГЛИЈА: Патници ширум светот се погодени, претстојат денови на хаос!

(ВИДЕО) МАКРОН СРЕДЕ ПРЕС МУ СЕ ЈАВИ НА ЗЕЛЕНСКИ: Извинете Емануел, ќе ве барам за 15 минути

БРИСЕЛ ГИ „ОТКАЧИ“ АМЕРИКА И ЛОНДОН! Европската комисија го претстави одбранбениот план на ЕУ

ТРАМП ПЛАНИРА ДА ГО ОГРАНИЧИ ПАТУВАЊЕТО ВО САД ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД 41 ЗЕМЈА: Еве кој е на списокот поделен во три групи
