29 Март, 2024
0.0341

РУСИЈА ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ, МОСКВА ПРОТЕРА 14 БУГАРСКИ ДИПЛОМАТИ - одмазда за бугарските потези

Објавено во: Балкан 05 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Русија брка 14 бугарски дипломати како одмаздничка мерка, пренесе ТАСС.

Руското Министерство за надворешни работи денеска му врачи на бугарскиот амбасадор во Москва Атанас Крастин нота со која 14 вработени во бугарската амбасада и конзуларните служби во Русија се прогласени за „персона нон грата“, се наведува во соопштението на Министерството.

Дадената мерка е одговор на протерувањето на 70 руски дипломати од Бугарија, воведувањето квоти за бројот на дипломатски и административно-технички персонал на Руската Федерација во Бугарија, како и затворањето на генералниот конзулат во Русија. Министерството привлече внимание на фактот дека одговорноста за последиците од „контрапродуктивните мерки“ е целосно на бугарската влада на чело со Кирил Петков, според информациите на ТАСС.

Москва смета дека протерувањето на руските дипломати од Бугарија „предизвикува значителна штета на традиционалните врски“ меѓу двете земји и зборува за „натамошна деградација на колективниот Запад, подготвен да ги жртвува интересите на своите партнери, само за да и наштети на Русија“, се вели и во соопштението, пишува БТА.

Во него се наведува и дека „непријателските чекори на Софија кон Москва немаат никаква врска со националните интереси на Бугарија и нејзиниот народ“.

На 28 јуни премиерот во оставка Кирил Петков на маргините на Народното собрание објави дека Бугарија повлекува 70 руски дипломати.

Извор 24 часа.бг

Можеби ќе ве интересира

ВЕШТАЧЕН Е ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: На денот на исчезнувањето на девојчето бришела повици и пораки

ВЕШТАЧЕН Е ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: На денот на исчезнувањето на девојчето бришела повици и пораки

УАПСЕНИ ЧЕТВОРИЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО БИХ- еден ученик донел пиштол во училиште, со другарите планирале грабеж

УАПСЕНИ ЧЕТВОРИЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО БИХ- еден ученик донел пиштол во училиште, со другарите планирале грабеж

Започна уредувањето на просторат за „италијанскиот“ емигрантски камп во Албанија

Започна уредувањето на просторат за „италијанскиот“ емигрантски камп во Албанија

МАЈКАТА ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО ЈА СЛИКАЛА ДАНКА ОД ТРИ АГЛИ - Курир дознава дека се прегледани околните тунели и детето го нема

МАЈКАТА ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО ЈА СЛИКАЛА ДАНКА ОД ТРИ АГЛИ - Курир дознава дека се прегледани околните тунели и детето го нема

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?