28 Март, 2024
0.0265

РУСИЈА ГО ВРАЌА УДАРОТ: 60 дипломати си одат од земјата

Објавено во: Свет 29 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Русија протера 60 американски дипломати и го затвори американскиот конзулат во Санкт Петербург. 

Oва е одговор на акцијата на САД поради случајот со труењето во Велика Британија.

Потегот на Русија го соопшти рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Тој најави дека и кон другите држави кои протерале руски дипломати ќе бидат преземени реципрочни мерки.

Откако во Велика Британија, поранешниот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка беа жртви на напад со нервен агенс, за што беше обвинета Русија, западните земји почнаа со протерување на руски дипломати од нивна територија.

На 14 март британската премиерка, Тереза Меј изјави дека раскинува билатерални контакти со Русија, по што 23 руски дипломати мораа да ја напуштат земјата.

Покрај членки на ЕУ, протерување на руски дипломати најавија и Канада, Украина, Норвешка и Австралија. НАТО одлучи да протера седум руски дипломати од мисијата на Русија во Алијансата.

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди протерување на 60 руски дипломати, наводни шпиони од САД како одговор на нападот со нервен агенс врз поранешен шпион Сергеј Скрипал.

Русија и понатаму се оградува од било каква поврзаност со нападот на поранешниот агент Сергеј Скрипал.

Меѓу земјите кои одлучија да протераат руски дипломати се приклучи и Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?