„Односите со Грција последниве денови влегоа во одредена студена фаза, се надевам дека овој студ ќе биде прилично краток“, изјави Чижов.
Русија не демантира обиди за вмешаност во грчката политика
Објавено во: Балкан 20 Јули, 2018
Грчкиот премиер Алексис Ципрас разговарал со шефот на дипломатијата Никос Коѕијас за односите на Грција со Русија, соопшти грчката влада. Тие се согласиле дека Грција секогаш силно ќе одговори кога е во прашање национален суверенитет, како и дека владата ќе продолжи со својата политика за унапредување на односите со Русија на билатерално и мултилатерално ниво.
Грчкиот весник „Катимерини", цитирајќи дипломатски извори, на 11 јули објави дека Атина решила да протера двајца руски дипломати и да го забрани влезот во земјата на уште двајца. Атина ги обвини дипломатите за мешање во внатрешни работи и поткопување на националната безбедност на Грција.
Москва очекува дека заледените односи со Атина ќе биде краткотраен, им рече вчера рускиот амбасадор во ЕУ Владимир Чижов на новинарите на маргините од конференцијата со руските амбасадори и постојани претставници.