Русија и ОПЕК ја вивнаа цената на нафтата до максимум
Објавено во: Економија 13 Ноември, 2017
Организацијата на земјите извознички на нафта, во својот нов месечен извештај за пазарот, ја зголеми проценката на раст на побарувачката за нафта на преку 1,5 милиони барели дневно.
Прогнизите се зголемени, како за 2017, така и за наредната година, изјавил генералниот секретар на ОПЕК Мохамед Баркиндо.
„Пазарот со нафта брзо се враќа во рамнотежа, а кратења во производството се единствена одржлива опција за враќање на стабилноста. Нафтената индустрија би била во значајно полоша состојба отколку што е денес да не се мобилизиравме и постигнавме консензус за преземање на заеднички акции во одговор на кризата“, изјавил Баркиндо.
Чекорите на ОПЕК за намалување на производството на нафта и акции на нечленките на таа организација, како Русија, почнаа да даваат резултати, бидејќи цената на северноморската нафта „брент“ се приближи до двегодишен максимум.
Цената на брентот денес се тргува по цена од 63,34 долари за барел во Лондон.