Русија и Турција ќе тргуваат со рублји и лири?
Објавено во: Економија 15 Август, 2018
Русија е заинтересирана да тргува со Турција во националните валути – руската рубља и турската лира. И двете валути паднаа во однос на американскиот долар.
„Прашањето за употреба на националните валути во билатералната трговија е прашање кое е покренато од руска страна одамна и на повеќе нивоа, вклучително и на високо ниво“- вели Дмитри Песков, портпаролот на Кремљ.
Рече дека Москва се стреми кон такво нешто во билатералната трговија и во економските односи и тоа е повторувано на билатералните руско-турски разговори.
Објаснува дека во моментов санкциите од САД наметнати и спрема Русија и спрема Турција не влијаат на турско-руските проекти, а и не се очекува такво нешто.
Турската лира и економијата на земјата ги тресе исклучително сериозна криза.
Многу турски граѓани се загрижени од падот на лирата, бидејќи нејзиното губење на вредноста во однос на американскиот долар има директно влијание врз нивниот секојдневен живот.