29 Март, 2024
0.0239

Русија се закани на САД дека ќе има огромни последици ако Америка ја нападне Сирија

Објавено во: Свет 10 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Русија и САД со меѓусебни остри закани во ОН кога рускиот претставник го предупреди Вашингтон на „негативни последици“ доколку ја нападне Сирија, а американската амбасадорка возврати дека рацете на Москва се извалкани „со крвта на сириските деца“.

Итната седница на Советот за безбедност беше свикана поради наводниот хемиски напад врз бунтовничкиот град Дума минатиот викенд во кој загинаа најмалку 40 луѓе.

Западните сили за нападот ја обвинуваат сириската влада и нејзините сојузници Русија и Иран кои негираат дека нападот воопшто се случил.

„Немаше никаков хемиски напад“, кажа рускиот амбасадор Василиј Небензја.

„Низ одредени комуникациски канали веќе им пренесовме на САД дека употребата на воена сила, под лажен изговор, против Сирија каде на барање на легитимната сириска влада се распоредени руски војници, би можела да доведе до несогледиви последици“, истакна тој.

Небензја додаде дека инспектори на агенцијата на ОН за хемиско оружје би требало да заминат во Сирија каде им понуди заштира на руската војска и сириските власти.

Американската амбасадорка Ники Хејли истакна дека САД „ќе одговорат“ на смртоносниот хемиски напад во Сирија, без оглед на тоа дали Советот за безбедност ќе реагира или не.

„Дојдовме до точката во која светот мора да види дека правдата е задоволена“, истакна таа.

„Овој момент ќе остане запамтен во историјата како моментот кога Советот за безбедност или ја исполнил својата должност или покажал немоќ и не го заштитил сирискиот народ. Во секој случај, САД ќе одговорат“, истакна Хејли.


Можеби ќе ве интересира

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО