Русија спрема нова офанзива, а Украина не го дава Бахмут
Објавено во: Свет 03 Февруари, 2023
Русија спрема нова офанзива во Украина. Ова го тврдат извори од Западот, Русија и Украина.
Подготовките за офанзива по повеќемесечна одбрана и зајакнување на заднината се вршат во штабот на Руската група, пренесува „Нова Газета. Европа“, повикувајќи се на извор во штабот.
„Украинците добиваат апсолутно точни податоци за сите наши движења од западното разузнавање. Невозможно е да се акумулира доволен број сили на одредена област без нивна замена под ударите на ХИМАРС и артилерија со долг дострел“, се наведува во текстот.
Исклучувањето на мобилниот интернет во окупираната област Луганск сведочи за подготовка на офанзивата, пишуваат експерти од Институтот за проучување на војната. Целта, објаснуваат тие, е да се прикрие распоредувањето на дополнителни сили за операција која, според украинските разузнавачи, има за цел да го освои целиот Донбас до март 2023 година.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Киев ќе се бори да го задржи градот Бахмут онолку долго колку што може и го повика Западот да испорача оружје со долг дострел.
фото Фејсбук Володомир Зеленски