РУСИЈА ВРАЌА: Меѓу оние кои се персона нон грата има и македонски диломат
Објавено во: Македонија, Свет 30 Март, 2018
Руската Федерација започна со протерување на дипломати од повеќе земји, меѓу кои има и еден македонски допломат.
Ова е реципрочна мерка на одлуката на 25 држави да прогласат за персона нон грата над 160 руски дипломатски претставници во знак на солидарност со Британија во врска со случајот Скрипал. Во руското МНР денеска се повикани шефовите на дипломатските мисии на земјите што презеле „непријателски дејства“ против Русија. На сите им се врачени протесни ноти, а од Кремљ соопштија дека ќе бидат протерани одреден број дипломати од 23 земји, меѓу нив и од Македонија.
Земјите кои денеска беа информирани за протерување на свои дипломати се: Австралија, Албанија, Германија, Данска, Ирска, Шпанија, Италија, Канада, Латвија, Литванија, Македонија, Молдавија, Холандија, Норвешка, Полска, Романија, Украина, Финска, Франција, Хрватска, Чешка, Шведска и Естонија.
Во соопштението се вели дека Русија го разгледува протерувањето во помал обем на дипломати од Белгија, Унгарија, Грузија и Црна Гора.