26 Септември, 2022
0.0230

РУСИТЕ БЕГААТ ПО НАЈАВЕНАТА МОБИЛИЗАЦИЈА, КУПУВААТ АВИОБИЛЕТИ ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ: Најевтините до Дубаи чинат 5.000 евра

Објавено во: Свет 21 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Авионските летови во еден правец од Русија се распродадоа буквално за неколку минути откако рускиот претседател Владимир Путин утринава најави итна мобилизација на 300.000 резервисти, објави Ројтерс.

Обраќањето на Путин, емитувано рано наутро предизвика страв и паника дека на мажите кои се способни да носат оружје повеќе нема да им биде дозволено да ја напуштат земјата.

Министерот за одбрана Сергеј Шојгу увери дека мобилизацијата ќе биде ограничена на оние со искуство како професионални војници и дека студентите и регрутите нема да бидат повикани.

Сепак, Google Trends покажа нагло зголемување на пребарувањето за Aviasales, најпопуларната страница во Русија за купување авионски билети. Податоците на веб-страницата покажуваат дека сите директни летови од Москва до Истанбул и Ереван се целосно распродадени. И двете земји не бараат визи за руските граѓани.

Исто така, нема билети за некои поврзувачки летови, како што е преку Тбилиси, додека најевтините билети за Дубаи чинат 300.000 рубли (5.000 долари), или пет пати повеќе од просечната месечна плата во Русија.

Аерофлот и неговите поврзани компании Росоја и Победа изјавија дека работат како и обично и не воведоа никакви ограничувања за издавање билети, се вели во соопштението за печатот на авиокомпанијата, цитирано од ТАСС.

ФОТО: EPA/VASSIL DONEV

Можеби ќе ве интересира

ПОВЕЌЕ ОД ТРИ ИЛЈАДИ ЛУЃЕ ВО ЗАСОЛНИШТА: Петмина спасувачи загинаа на Филипините после тајфунот (ВИДЕО)

ПОВЕЌЕ ОД ТРИ ИЛЈАДИ ЛУЃЕ ВО ЗАСОЛНИШТА: Петмина спасувачи загинаа на Филипините после тајфунот (ВИДЕО)

Која е Џорџа Мелони: Од пофалби за Мусолини до историски успех-најверојатно нова италијанска премиерка

Која е Џорџа Мелони: Од пофалби за Мусолини до историски успех-најверојатно нова италијанска премиерка

MОЖЕБИ ВЧЕРА БЕШЕ БЛЕФ, ДЕНЕС Е РЕАЛНОСТ: Зеленски верува дека Путин би можел да употреби нуклеарно оружје?

MОЖЕБИ ВЧЕРА БЕШЕ БЛЕФ, ДЕНЕС Е РЕАЛНОСТ: Зеленски верува дека Путин би можел да употреби нуклеарно оружје?

РАЗГОВАРАВМЕ ДИРЕКТНО, ПРИВАТНО И НА МНОГУ ВИСОКО НИВО СО КРЕМЉ - секоја употреба на нуклерно оружје ќе има катастрофални последици за Русија

РАЗГОВАРАВМЕ ДИРЕКТНО, ПРИВАТНО И НА МНОГУ ВИСОКО НИВО СО КРЕМЉ - секоја употреба на нуклерно оружје ќе има катастрофални последици за Русија

ПУТИН ПОТПИША ДЕКРЕТ СО КОЈ СТУДЕНТИТЕ СЕ ОСЛОБОДУВААТ ОД МОБИЛИЗАЦИЈА - еве што точно тоа значи

ПУТИН ПОТПИША ДЕКРЕТ СО КОЈ СТУДЕНТИТЕ СЕ ОСЛОБОДУВААТ ОД МОБИЛИЗАЦИЈА - еве што точно тоа значи

НАЈДОБРИ ГРАДОВИ ЗА ЖИВОТ - Виена повторно е на врвот на листата, еве кој град е на дното

НАЈДОБРИ ГРАДОВИ ЗА ЖИВОТ - Виена повторно е на врвот на листата, еве кој град е на дното

ГЕРМАНИЈА Е МИРНА ЗА ЗИМАВА - СИ ОБЕЗБЕДИ ГАС И ДИЗЕЛ - еве со која држава потпишаа договор за снабдување

ГЕРМАНИЈА Е МИРНА ЗА ЗИМАВА - СИ ОБЕЗБЕДИ ГАС И ДИЗЕЛ - еве со која држава потпишаа договор за снабдување

ИМАМ ИЗБОР: ЗАТВОР ИЛИ ДА СТАНАМ УБИЕЦ - некои бегаат, а некои не можат да побегнат од мобилизацијата на Путин

ИМАМ ИЗБОР: ЗАТВОР ИЛИ ДА СТАНАМ УБИЕЦ - некои бегаат, а некои не можат да побегнат од мобилизацијата на Путин

СОРАБОТНИЦИТЕ НА ПУТИН СО ПРВИ КРИТИКИ ЗА МОБИЛИЗАЦИЈАТА - регрутирани се мажи кои не се квалификувани за војска, тоа е неприфатливо

СОРАБОТНИЦИТЕ НА ПУТИН СО ПРВИ КРИТИКИ ЗА МОБИЛИЗАЦИЈАТА - регрутирани се мажи кои не се квалификувани за војска, тоа е неприфатливо