28 Март, 2024
0.0276

Русите го мачеле и убиле фотографот Левин, а војникот кој бил со него го запалиле

Објавено во: Свет 22 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Руски војници го убиле украинскиот фотограф Макс Левин. 

Истрагата на Репортери без граници го потврди погубувањето на познатиот украински фотограф Левин. 

Русите ги убиле фоторепортерот и војникот што го придружувал додека ги пребарувале шумите окупирани во потрага по исчезнатиот дрон на фотографот, објавија денеска Репортери без граници. 

Од организацијата се вратиле на местото каде се пронајдени телата на Макс Левин и на војникот Олексиј Чернишов на 1 април во шума северно од главниот град Киев. Групата соопшти дека изброила 14 дупки од куршуми во запалениот дел од нивниот автомобил, кој сè уште е таму. Пронајдени се и остатоци од оброци од храна, кутии цигари и друго ѓубре што се чини го оставиле руски војници.

Некои од работите на Левин и Чернишов, вклучително и личните документи на војникот и делови од неговиот панцир и шлемот на фотографот, се пронајдени таму. 

Украински тим со детектори за метал, открил куршум закопан во почвата каде што лежело телото на Левин, се вели во соопштението. 

Во близина на местото каде е пронајдено изгореното тело на Чернишов имало канта за бензин.

Репортери без граници соопштија дека нивните наоди „покажуваат дека двајцата мажи несомнено биле ладнокрвно егзекутирани“, веројатно откако биле испрашувани и мачени. Репортери без граници доказите што ги собрале им ги предале на украинските истражители. Левин имаше 40 години, и е татко на четири деца. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина. 

Можеби ќе ве интересира

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ШТО СЕ СПРЕМА: Киргистан ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија

ШТО СЕ СПРЕМА: Киргистан ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија