Русите го заземаат Луганск, илјадници цивили се во опасност да бидат заробени
Објавено во: Свет 26 Мај, 2022
Русите бомбардираа 40 украински градови.
Tие се приближуваат до два клучни града, Северодоњецк и Лисичанск. Украинската војска објави дека илјадници цивили се во опасност да бидат заробени.
Падот на овие два града ќе им овозможи на руските сили да ја преземат контролата врз целата провинција Луганск, една од целите на Русија во војната. Според гувернерот на Луганск, 90 отсто од источниот регион веќе е под руска контрола.
„Ситуацијата е многу напната бидејќи Русите ги испратија сите свои сили да го окупираат регионот Луганск. Тие напаѓаат од различни страни,“ истакна Серхиј Хејдеј, гувернер на Луганск.
AP Photo/Evgeniy Maloletka