Русите направија хаос-Ова е новиот метал кој го оцрни златото
Објавено во: Економија 19 Март, 2019
Паладиумот достигна рекордно високо ниво од 1600 долари. Цената пораснала после најавата за забрана на извоз од Русија.
Паладиумот достигнал ниво кое го надминало прагот од 1600 долари по унца за прв пат по вестите дека Русија планира да го забрани извозот на овој драгоцен метал, што предизвикало загриженост поради пазарот кој веќе е ограничен со снабдевање.
Русија и Јужна Африка, заедно произведуваат околу три четвртини од светските залихи а руската компанија Норникељ е најголем произведувач на паладиум во светот.
-Имаше гласини дека Русија ќе го ограничи извозот на некои драгоцени материјали. Кога пазарот е мал, каков што е со паладиумот, понекогаш таквите вести може да имаат поголемо значење отколку што би требало-вели Филип Невман, директор на Металс Фокус.
Руското министерство за трговија и индустрија минатата недела соопшти дека предложената забрана на извоз на дел од драгоцените метали ќе трае од 1 мај до 31 октомври.
Русија е главен произведувач на паладиум, кој воглавно се користи во катализатори. Комерцбанка го препишува наглиот раст на цените на паладиумот со шпекулаттивниот куповен интерес.
Цените скоро да се удвоија од најниските нивоа и веќе скокнаа за околу 27 отсто од почетокот на оваа година.