РУСИТЕ НЕ ЈА ДАВААТ ЗАПОРОЖЈЕ НА НИКАКВА „ТРЕТА СТРАНА“ - Захарова вели дека не може да се очекува нивно повлекување

Објавено во: Свет 06 Декември, 2022
Руското Министерство за надворешни работи реагираше на предлозите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за создавање на демилитаризирана и заштитена зона околу нуклеарната централа Запорожје, пишува Си-Ен-Ен.
Портпаролката на министерството Марија Захарова одговори на прашање на руска новинска агенција за статусот на електраната окупирана од руските сили на почетокот на март и можноста таа да дојде под контрола на „трета страна“.
"Не може да стане збор за какво било повлекување од нуклеарната централа Запорожје. Таа останува под руска контрола и нема да биде предадена на ниту една "трета страна". Електраната се наоѓа на руска територија и е целосно под руска контрола. Ние, верувајте дека само ние можеме да обезбедиме физичка и нуклеарна безбедност на електраната Запорожје“, им одговори Захарова на новинарите.
Можеби ќе ве интересира
Русија: 14 починати во болница во ракетен напад на украинската армија со ХИМАРС

Поранешен генерал на НАТО стана претседател на Чешка

САД ја прогласи „Вагнер“ за транснационална терористичка организација

Бразил не сака да отстапи муниција за тенковите што Германија и ги испраќа на Украина

ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО СИНАГОГА: Во Ерусалим загинаа осум луѓе

Орбан го брани Путин: Не сака ЕУ да воведе санкции за Русија

Човек одлежал над 20 години во затвор иако бил невин
