РУСИТЕ ПРОДАВААТ ОРУЖЈЕ: Кој се купува од нив?
Објавено во: Свет 16 Март, 2018
Две земји треба да набават оружје од Русија.
Русија води преговори за продажба на оружје на Грција и Кипар, изјави во етерот на „Русија 24“ помошникот на претседателот на Русија за воено-техничка соработка, Владимир Кожин.
„Грција и Кипар се земји кои се наоѓаат не само во ЕУ туку и во НАТО“- изјави Кожин.
Тој вели дека вакво нешто не е вообичаена пракса на земјите членки на НАТО.
„Своевремено Русија им испорача на Грција и Кипар комплекси за противвоздушна одбрана, а сега врши нивно одржување и сервисирање. Покрај тоа, и двете земи имаат нови барања“ - изјави тој без да прецизира детали.
Политичарот додаде дека не толку броjни договори се склучени и со Бугарија и Чешка, а нови нарачки доаѓаат од Србија.