РУСИТЕ РАЗВИВААТ НОВ СНАЈПЕР - еве до каде ќе може да погоди
Објавено во: Свет 06 Јуни, 2020
Рускиот произведувач на оружје „Лобаев армс“ развива снајперска пушка DLX-5, за која тврди дека ќе може да погоди мета на оддалеченост од 7 километри.
Владислав Лобаев, генералниот директор на компанијата, за „Риа“ рече дека во моментов пушката со најдолг опсег „самрак“ е исто така нивен производ. Истата може да ги погодува метите на оддалеченост од 2,5 километри, додека максималниот опсег и е 4,2.