Русите си одат од градовите околу Херсон, тврди Украина

Објавено во: Свет 01 Декември, 2022
Украина тврди дека Русите бегаат од градовите околу Херсон.
Властите велат дека Русија го засилила гранатирањето преку реката, повторно оштетувајќи ја електричната мрежа во Херсон. Откако Русија го напушти Херсон минатиот месец, реката Днепар сега ја формира целата линија на јужниот фронт. Русија веќе им порача на цивилите да ги напуштат градовите на оддалеченост од 15 километри од реката и да ја повлече својата цивилна администрација од градот Нова Каковка. Русија повлекла дел од артилеријата во близина на реката на побезбедни позиции подалеку.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека неговата земја ги анализира намерите на Русија и подготвува значителна контрамерка, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефицата на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен вчера спомена дека во Украина загинале 100.000 украински војници, но потоа тој податок беше отстранет. Сега во обид да се стоплат, Украинците ненамерно предизвикуваат пожари во своите домови. За едно деноноќие имаше 9 загинати.
ФОТО: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ПАЃААТ ЗГРАДИ ПРИ ТВ ПРЕНОС ВО ЖИВО: Повеќе 1.200 загинати, најмногу во Турција и во Сирија

СТРАШНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО ТУРЦИЈА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ! Огнот проголта се пред себе
ДАЛИ Е МОЖНО? Го предвиде земјотресот пред три дена: Можеше ли Турција да ги ублажи последиците од природната катастрофа
(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО КАКО СЕ ШИРИ СЕИЗМИЧКИОТ БРАН НИЗ ЦЕЛА ЕВРОПА: Од Турција до најсеверните делови на Скандинавија

Спасено дете по 7 часа под урнатините: Потресно ВИДЕО од Турција

Морничави сцени од Турција: Зграда за малку ќе се урнела врз автомобили, луѓето за влакно ја избегнале смртта (ВИДЕО)

Жител на Турција: „Пред земјотресот се СЛУШНА БУЧАВА под земја“

ЗЕМЈОТРЕСОТ СРАМНИ СО ЗЕМЈА НАД 1.700 ЗГРАДИ, 500 ЛУЃЕ УМРЕА: Најнови податоци стигнуваат од Турција

ВТОРИОТ ПОТРЕС БИЛ СИЛЕН 6,7 СТЕПЕНИ - се очекува афтершоковите да продолжат со часови, дури и со денови
